Образование

3,61- средна оценка од двата екстерни предмети од државната матура

05.07.2021 14:20

3,61- средна оценка од двата екстерни предмети од државната матура. Резултатите подобри од претходните, кога просекот беше 3,48. Од Државниот испитен центар со најава дека се подготвува нова концепција за државната матура што би се применувала од идната година...

15.300 матуранти во Mакедонија положиле државна матура со средна оценка 3,61. Резултатите од двата екстерни испита се подобри од претходните, кога просечниот успех беше 3,48. Тоа покажува дека матурантите и покрај отежнатите услови и онлајн наставата, успеале да постигнат повисоки резултати, смета директорката на Државниот испитен центар Наумовска, додавајќи дека државниот испит годинава се полагаше по скратени испитни програми.

Резултатите се објавени на огласните табли во училиштата, а матурантите имаат право на приговор во рок од три дена, со уплата од 1.500 денари.

Наумовска информира дека се подготвува и нова концепција за државната матура што би се применувала од наредната година. Испитот се полага од 2007-та, со исклучок лани, поради пандемијата од Ковид-19.

Марија Котовска