РТ: „Тимошенко - време е да се убијат проклетите руси и нивниот лидер“

25.03.2014 11:50

„Подготвена сум да земам автомат и да му пукам на „кучкиниот син во глава“, е дел од телефонскиот разговор на Јулија Тимошенко со Нестор Шуфрик - поранешен заменик секретар на Советот за национална безбедност.

Јулија Тимошенко на својот Твитер профил ја потврди оргиналноста на разговорот, но го демантира делот со „8-те милиони руси во Украина кои би требало да бидат убиени со нуклеарно оружје“-кој е дел од содржината. Шуфрик изјави дека „разговорот не се случил“.

На неговата забелешка дека е „шокиран“ од резултатите на референдумот на Крим, Тимошенко, како што пренесе „Раша тудеј“, изјавила дека е „време да се земе оружје и да се убијат проклетите Руси, заедно со нивниот лидер“, додека  на тоа Шуфрик одговорил дека е подготвен со постариот син да оди и да ја брани земјата.

Тимошенко, користејќи пцости, кажала дека „жали што не може веднаш да биде таму“ , како и што не е на власт, бидејќи „тие сигурно не би го земале Крим“.

Шуфрик се согласува дека до тоа немало да дојде доколку се прашувала Тимошенко, а потоа констатира дека Украина не располага со сила која би го одбранила Крим.

„Се надевам дека ќе ги покренам сите свои врски и ќе направам се да го покренам целиот свет во Русија да не остане ниту спржена земја“, изјавила Тимошенко.

Поздрав за ФСБ (Руската Федерална служба за безбедност) и извинете заради пцостите“, напишала Тимошенко.

Разговорот помеѓу Јулија Тимошенко и Нестор Шуфрик го пренесува „Раша тудеј“.