Левица и ВМРО-ДПМНЕ со интерпелација за Џафери
Левица, со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ со интерпелација за работата на собранискиот спикер. Сметаат дека Џафери со обраќањето на албански јазик во Европскиот парламент го прекршил Уставот.

Поради обраќањето на самитот „Eвропски парламент- Западен Балкан“ на албански јазик, опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица поднесоа интерпелација за собранискиот спикер Џафери.
Како втора причина за ваквиот потег во наведоа добивањето двојазични материјали во Собранието. „Ова е бизарна номотехника непозната во која било национална држава, ниту во федерациите, во меѓународните организации, ниту во Советот на Европа и во Европскиот парламент“, рекоа подносителите, кои велат оти е тоа спротивно на Уставот, законот и деловникот.
Пратениците Силјановска-Давкова и Апасиев рекоа дека само пратениците кои припаѓаат на заедницата што брои најмалку 20 проценти имаат право сите материјали да ги добиваат и да ги испраќаат на својот јазик, но не и другите.
Третата причина, според Апасиев е гласањето на пратниците со скафандер.
За сега од кабинетот на претседателот на Собранието без реакција за поднесената интерпелација од опозициските партии.
Фиљана Кока
