МВР

Почна печатењето на пасошите и возачките дозволи со новото уставно име

05.07.2021 15:20

Почна печатењето на пасошите и возачките дозволи со новото уставно име. Издавањето лични карти чека зелено светло од Собранието. Граѓаните се жалат - долго се чека. Од МВР велат, нема застој...

МВР почна со печатење на пасошите со новото уставно име. Со ова се завршува уште една обврска од Преспанскиот договор, велат од ресорот. Се печатат и возачките дозволи, а од пратениците се чека зелено светло за законот, за да може да стартува и издавањето на личните карти со Република Северна Македонија.

Граѓаните сѐ уште револтирани. Велат дека многу долго се чека за вадење на нови лични документи.

Покрај тоа што во овој период од годината е зголемен бројот на барања за патни исправи, од МВР не очекуваат поголеми застои и гужви. Уверуваат дека се отворени повеќе базни станици, а службите ќе работат и за викендите.

За да се избегнат гужвите, од МВР со апел- на оние на кои патната исправа им важи до февруари 2024-та не мора да брзаат, има време да аплицираат за нова.

 

Наташа Гркова- Петрушевска