Не се очекува проблематична сезона со жетвата на пченицата
Не се очекува проблематична сезона со жетвата на пченицата, велат од ресосрот земјоделство. По најавата дека мелничарите годинашната пченица ќе ја откупуваат од 8,5 – 10,5 денари министерот Хоџа во наредните денови ќе оствари средба со нив за да се најде решение. Вели дека нема да прифати уцени. Во наредниот период ќе се спроведуваат обуки за примена на пестицидите како дел од новиот Закон за фитофармација...

Министерот за земјоделство Хоџа не очекува проблематична сезона со жетвата на пченицата. Посочува дека цените во регионот се солидни. Најави дека во наредните денови ќе оствари средба со мелничарите за да се најде решение, по најавата дека мелничарите ќе ја откупуваат годинашната пченица од 8,5 – 10,5 денари. Хоџа вели дека уцени нема да прифати. Потенцира дека досега дополнителните средства што ги добивале мелничарите, ги добивале земјоделците во делот на цената.
Од ресорното минстерство велат дека со цел поголема заштита на растенијата во наредниот период ќе се спроведуваат обуки за примена на пестицидите како дел од новиот закон за фитофармација. Правилникот ќе се применува од 1-ви септември.
Законот за фитофармација беше донесен минатата година. Според надлежните целта е модернизација на земјоделскиот сектор.
Дијана Ценевска
