Велес

Сточарите бараат подобри услови за работа и живеење во бачилата

05.07.2021 16:11

За да не им пропаѓа млекото, поради лошите услови за работа и живеење во бачилата, сточарите веднаш на лице место го преработуваат во млечни производи. Затоа бараат да се донесе вода, струја, да се изградат патишта. Од Министерството за земјоделие најавуваат сет мерки за подобрување на инфраструктурата...

Овчарите од бачилата во земјава, работат и живеат во лоши услови, во  најголем дел без струја, вода, и лоши пристапни патишта.  Сопствениците бараат подобра инфраструктура, за да не им пропаѓа млекото и не мораат веднаш да го преработуваат во млечни производи.  Велат дека овчарството е најтешката гранка, која малкумина ја сакаат и  работат, поради тешките услови и ниската профитабилност. Тоа се одразува и на се помалиот фонд на овци.

Надлежните објаснуваат дека во Министерството за земјоделие работат на надминување на овие проблеми.  Пред две години биле поделени 50 фотоволтаици.  Во наредниот период заменикот министер за земјоделие, најави сет мерки за подобрување на инфраструктурата и пробивање на патишта до бачилата.

Поради запоставувањето на овчарството, од три милиони овци пред десетина години, годинава фондот паднал на само 500 илјади.  Од трите автохтони раси овци во земјава, „каракачанка“, „ шарпланинка“ и „овчеполка“, опстанала само последната.

 

Петар Печков