Медиумска писменост

Потребна е поголема едукација за препознавање на вистинската вест

05.07.2021 16:27

Технолошкиот развој големиот број можности за комуниција и информирање си носат последици во медиумскиот простор дезинформации, спинови. Потребна е поголема едукација на населението и како да ја препознаат вистинската вест, беше посочено на дебатата зошто е важна медиумската писменост...

Луѓето често наседнуваат на лажните вести, не знаат да ги препознаат пораките како и вистинската вредност на информацијата. На дезинформациите пак, се подложни сите генерации. Потребни се големи промени, медиумите станаа важен фактор, дел од нашето секојдневие, а описменувањето треба да започне кај најмладите во училиште, оти и тие се на голем удар на на манипулациите.

Оваа фотографија беше објавена на повеќе социјални медиуми. Таа е лажна, случката е во некој руски град, а се прикажува дека е во Тетово. Сликите и видеата се добра замка и за медиумите и за гледачите.

Проектот зошто е важна медиумската писменост ќе трае една година, каде преку дебати обуки и емисии, публиката ќе се информира со начините на препознавање на вистинската вест и нејзината вредност.

 

Зоран Димовски