Расмусен: Вратите на НАТО остануваат отворени

25.03.2014 11:56

Одлуката за проширување се носи внатре во Алијансата, без учество на „трети“ земји. Тие прашања се решаваат меѓу кандидатот за членство и НАТО, нагласи генералниот секретар...

Вратите на НАТО остануваат отворени, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен.  Однесувањето на Русија нема да се одрази на нашата политика на отворени врати, нагласи тој цитирајќи го Договорот од Вашингтон, според кој, Алијансата може да ги покани европските демократии да се приклучат, доколку ги исполнуваат потребните показатели. 
 
„Одлуката за проширување се носи внатре во Алијансата, без учество на „трети“ земји. Тие прашања се решаваат меѓу кандидатот за членство и НАТО. Доколку има целосно одобрение во НАТО за прием на одредена држава, може да се овозможи проширувањето. Ниту Русија, ниту која било друга надворешна земја, не можат да влијаат на тој процес“, рече Расмусен, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со Украина.