Завршни зборови на одбраната во случајот „Организатори на 27 април“

06.07.2021 09:41

Обвинителката Русковска на минатото рочиште пред да даде завршен збор направи измени во обвинителниот акт во кој Ристовски и Јанакиески ги посочи како директни организатори на протестите кои се одржуваа во април 2017-та година.

Обвинетите во предметот за организацијата на „27 април“ и нивните адвокати во скопскиот Кривичен суд треба да ги дадат завршните зборови. Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, екс-министрите Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски, и тогашниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Обвинителката Русковска на минатото рочиште пред да даде завршен збор направи измени во обвинителниот акт во кој Ристовски и Јанакиески ги посочи како директни организатори на протестите кои се одржуваа во април 2017-та година.

Посочи дека Обвинителството успеало да докаже дека обвинетите изготвиле план да го загрозат уставниот поредок, и со акти на насилство да оневозможат примопредавање на власта.