Русија

Авион исчезна над Камчатка

06.07.2021 10:18

Во последните години, во Русија се случија неколку авионски несреќи за кои се смета дека биле поради лошото одржувања на авионите и лабавите стандарди за безбедност.

Руски авион АН-26 со триесетина лица исчезна од радарите на полуостровот Камчатка на крајниот исток на Русија. Авионот летал од Петропавловск кон градот Палана, а загубил контакт со контролата на летање при обид за слетување.

Во последните години, во Русија се случија неколку авионски несреќи за кои се смета дека биле поради лошото одржувања на авионите и лабавите стандарди за безбедност.

Последната голема воздушна несреќа во Русија се случи во мај 2019 година, кога Сухој суперџет на авиокомпанијата Аерофлот слета и се запали на пистата на московскиот аеродром, при што загинаа 41 лице.