Ковид-19

Делта сојот се шири во Русија, но нема карантин поради изборите

06.07.2021 11:52

Претседателот Путин им дозволи на локалните власти да воведат индивидуални мерки.

Рекорден број на заразени во Русија, но властите засега не размислуваат за воведување нов национален карантин. Претседателот Путин им дозволи на локалните власти да воведат индивидуални мерки.

Причина за тоа што тој не сака да ја ризикува и онака веќе нарушената популарност на неговата партија во пресрет на парламентарните избори закажани за есен.
За повеќето Руси, само евентуалниот карантин е полош од задолжителната вакцинација.