Ракомет (жени)

Во Русија...

25.03.2014 12:04

Веќе стигнати во Ростов на крајната дестинација за вртење на нова страна во женскиот македонски ракометен репрезентативен огранок.

Русинките ќе бидат првата квалификациска двомеч епизода, со која ќе се направи обид за можно учество на континенталниот собир на најдобрите селекции кои ќе бидат во декември годинава во Унгарија и Хрватска.

”Тие се во предност, тоа не е спорно, меѓутоа во спортот секогаш се вика.. и ако имаш еден насто шанса, зошто да не ја искористиш“-трезвена е констатацијата за гостувањето во Русија на Мак селекторот Ристо Магдинчев.

Русија е една ракометна велесила која си го дозволи луксузот да биде елиминирано од планетарниот шампионат минатата година, за првпат во својата ракометна историја. Вараќањето на респектабилното не само руско, ами и светско тренерско име, Трефилов во подмладениот состав, со подршка од две-три искусни ракометарки, се дава до знаење дека низот од настапи на Евро сцената, ни под разно не се планира да се поремети.

Но и кај нас позитивната размисла е на високо ниво. ”Ние одиме на добар резултат, тоа значи победа, сите очекуваат победа...Ќе биде тешко.“-вели капитенот Робертина Мечевска.

Која е Русија. Тоа е селекција која од почетокот на организација на евро шампионатите во 94-тата е редовен партиципиент со три континентални медали, сите три бронзи (последното освоено на наша паркет на европското 2008-ма). Сегашниот збир на руските девојки е безмалку истиот од 2012-тата кога завршија на 6-тото место.

Каде сме ние на Европската ракометна мапа. Колку за статистичка информација Мечевска ќе го додаде и податокот дека, ”Верува во младите девојки дека тие имаа огромна желба, затоа што Македонија нема победено на 23 или 24 натпревари. “

Од десетте шампионати, Македонија без континуитет дел, на половина од нив, вклучително и последното каде завршиме последни 16-ти.

Сега е речиси променет изгледот на тимот, концепцијата на селекцијата и целосниот пристап и размисла кон она што значи репрезентатина чест, на сите нивоа и структури.

Натпреварот прв квалификациски за Македонија во групата 7, втор за Русија по едниот пораз и победа со Германија, ќе се одигра утре во 19 часот по македонско време.