Сѐ уште трае истрагата за пожарот во струмички „Глобал“
Сѐ уште трае истрагата за опожарениот ТЦ Глобал во Струмица. ОЈО работи на расветлување на случајот, а ЈКП Комуналец го реконструираше истиот и го предаде на сопствениците...

ОЈО Струмица и по шест месеци од големиот пожар во ТЦ Глобал Струмица е со отворена истрага. Денес добивме информација дека сослушани се повеќе лица, прибрани се документацци и вештачења и ќе се преземаат мерки за расветлување на случајот, стои во известувањето од ОЈО Струмица.
Веднаш по пожарот, ЈКП Комуналец заедно со општествено одговорни компании успеаа да ја санираат штетата и истиот да биде реконструиран и ставен во функција. Викендов беше предаден на сопствениците на дуќаните, а се реотворија и тезгите.
„Глобал“ е најголемиот трговски центар во Струмица кој се запали на стартот од оваа година. Кога ќе заврши истрагата на ОЈО, засега не се знае.
Стојне Митева
