Ковид- криза

Расте невработеноста во текстилната индустрија

06.07.2021 14:42

Текстилната индустрија во криза. Се соочува со двојно поголема невработеност, прекршени работнички права и злоупотреби на државни средства преку мерките за ублажување на кризата- покажуваат анализите...

Платите се зголемуваат во текстилната индустрија, но и невработеноста е зголемена за 128 проценти за разлика од лани. Проблемите во текстилната индустрија постојат уште пред кризата која еслкалираше во секторот. Еден од клучните проблеми е што во иднина ќе недостига човечки капитал во областа, предвидуваат секторските анализи.  Од „Гласен текстилец“ дополнуваат дека се прекршени работнички права, има злоупотреба на државни средства, а на удар особено биле жените.

Во текот на пандемијата се извршени инспекциски надзори при што се утврдени прекршувања на Законот за работни односи.

Текстилната индустрија е гранката која секогаш ни носеше поголем извоз од увоз, но не и лани, покажува анализата на Здружението за истражување и анализи (ЗМАИ). Во текот на 2020 година увозот бил поголем од извозот за над 15 милиони евра.

 

Ана Јосифоска Тодоровска