Здравство

Стабилизирана состојбата со Ковид-19 во тетовско

06.07.2021 15:01

Сѐ помалку заразени, по неколку во текот на неделата, без хоспитализација на пациенти. Состојбата со корона вирусот во тетовско речиси под контрола. Оделенијата ослободени, медицинскиот персонал кој се грижеше за ковид пациентите, посветени на другите одделенија и дијагнози...

Значително намалени се и амбулантските прегледи на пациенти со симптоми на вирусот, чии тестови најчесто се негативни. И просторно и со лекарски персонал, сега Клиничката болница Тетово може повеќе внимание да посвети на пациентите со други дијагнози.

Ковид 19 е неизвесен. Краткото и лошо искуство веќе не научи дека не треба да се опуштаме. Да ги почитуваме мерките. Вирусот си има свој пик, намалување на неговата силина, но и нови бранови и соеви како делта сојот, кој ни тропа на врата, велат здравствените работници.

Делта сојот во тетовско не е регистриран, а во регионот во текот на една недела се евиденитираат по неколку позитивни случаи на Ковид- 19.

 

Зоран Димовски