Жените живеат подолго од мажите
Има неколку ризични фактори кои важат за машката популација...
- Болеста на коронарните артерии се јавува три пати почесто кај мажите отколку кај жените;
- Самоубиствата кај мажите се значително во поголем број отколку кај жените;
- Убиствата и самоубиствата кај мажите се во топ три причини за смрт кај мажите на возраст од 15 до 34 години;

Има неколку ризични фактори кои важат за машката популација...
- Болеста на коронарните артерии се јавува три пати почесто кај мажите отколку кај жените;
- Самоубиствата кај мажите се значително во поголем број отколку кај жените;
- Убиствата и самоубиствата кај мажите се во топ три причини за смрт кај мажите на возраст од 15 до 34 години;
- До 85 годишна возраст, односот на жени спрема мажи во САД е 2.1 : 1, додека по 90-тата година, односот се зголемува на 3:1.
По раѓањето, докажано е дека машките бебиња се поранливи и послаби отколку женските. Оставете ја срамежливоста во чекалната. Жените уште од најмала возраст се учат да бидат искрени со лекарите. Знаеме дека има теми на кои Ви е непријатно да се зборува, како што е еректилната дисфункција, но таа можеби е поврзана со посложени проблеми во организмот, како што се дијабетесот и срцевите болести.
Мажите, иако сеуште се водат по тие културолошки причини, препорачливо е исто како и жените да прават преглед на градите. Легато ги охрабрува мажите да прават разноразни прегледи на кои се учени жените за да си ги проверат градите. Иако можеби мажите би давале отпор кон проверка на простатата, тоа е многу помалку болно и непријатно отколку третманот кој се прима за терапријата против ракот.
Со навлегување во 30-тите години, нивото на тестостерон кај мажите започнува да се намалува за 1%. Намаленото ниво на тестостерон предизвикува намалување на виталноста, мускулната маса, можноста за подолго извршување на физички вежби, меморија, концентрација и либидо. Не само што ова го намалува животниот квалитет, туку допринесува за депресија што може да има големо негативно значење за машкото здравје и да го зголеми ризикот од коронарни болести.
Постојат повеќе можни третмани за овој ефект, како што се гелови, лепенки и инјекции кои му помагаат на телото да го задржи нивото на овој хормон. Машкиот имунолошки систем не е толку цврст како женскиот и мажите умираат во поголем број од жените поради 7 од 10-те најчести инфекции (пр. туберкулоза, СПБ) како што покажале испитувањата.
Заштитата при сексуалните односи мора да биде на високо ниво започнувајќи со користењето на кондоми. Мажите треба да бараат совети од својот доктор при патување во друга земја во врска со задолжителните вакцини кои треба да се примат како превентива од тамошните заразни болести. Вакцина против тетанус треба да се прима на секои 10 години бидејќи имунизацијата не завршува по втората година од животот. Машката депресија со текот на годините зафаќа повеќе припадници на машката популација.
Но, не секогаш симптомите на оваа депресија се очигледни. Таа најчесто се препознава преку несоницата, незаинтересираноста за сексуални односи и промена на расположението и ако не се третира, може да има катастрофални последици по машкото здравје.
Дивата природа и начин на живот кај адолесцентите секако дека е ризик по животот. Жените на помала возраст развиваат чувство за пресуда кога некоја ситуација е опасна по животот а кога не е. Кога сето тоа ќе се додаде на тестостеронот и другите хормони кај мажите, тие стануваат ранлива мета. Со набљудувањето на тие активности и поставувањето на некои граници во нивното однесување, ризикот може да се намали.
Мажите мораат да почнат да се грижат за ризикот од коронарни болести по нивната 35-та година, додека жените на оваа возраст немаат никаква опасност од срцев удар, дури ни во подоцнежните години. Сепак, мажите кои во фамилијата имале случаи на срцеви болести се советуваат да започнат со прегледи и посети на доктор по навлегувањето во 30-тата година.
