Климатските промени го покажуваат вистинското лице
Силни бури, неовообичаено високи температури, пожари, поплави- климатските промени го вклучија алармот. Научниците повикуваат што побрзо да се преземат мерки за спас на планетата...

Климатските промени го покажуваат своето вистинско лице. Последиците од нив се сѐ почести и сѐ посилни. Силните бури, невообичаено високите температури, пожарите и поплавите стануваат секојдневие.
„Добивме повик дека можеме да земеме вреќи песок, живееме покрај морето, па мораме се да сториме за да се заштитиме.“
Жителите на Флорида забрзано се подготвуваат за ударот на тропската бура Елса. Проследена со поројни дождови и силни ветришта, Елса претходно остави пустош во западните делови од Куба. Илјадници жители таму беа евакуирани од загрозените подрачја, многумина ја минаа ноќта во засолништа.
„Свлечиштето дојде до мојот дом, пред мојата куќа, не можев да се извлечам, па се качив на горниот кат. Можев да слушнам како доаѓа.“
„Тоа беше неверојатен звук. Знаев дека ќе има свлечиште. Дожд врнеше неколку дена по ред.“
Над илјада спасувачи сѐ уште се обидуваат да најдат преживеани под калта и урнатините по лизгањето на земјиштето во крајбрежниот град Атами во Јапонија. 24 лица се водат како исчезнати. Загинаа 4-ца, а стотици домови се уништени.
По два дена беснеење, пожарот на островот Кипар е ставен под котрола. Загинаа 4 лица, опустошени се илјадници километри шума на планинскиот масив Тродос. Алармот е вклучен – научниците повикаа што побрзо да се преземат мерки за спас на планетата.
Маја Стојанова
