Кривичен суд

Одбраната со завршни зборови за „27 април“

06.07.2021 15:14

Адвокатот на повеќето обвинети, Миланов, рече дека на 27-ми април имало насилство, но не и загрозување на безбедноста.

Обвинителството со ништо не докажа дека имало план, ниту пак дека сум учествувал во некаков наводен план, посочи Вељаноски во своите завршни зборови. Со Владимир Атанасовски сум немал никакви контакти, а со Јанакиески имав контакти додека беше министер за транспорт и врски. Во прилог ќе го додадам и сведочењето на Зоран Заев кој рече дека како човек кој бил жртва не мисли дека Вељаноски, Јанакиески и Ристовски се осмислувачи и организатори на настаните од 27-ми април, додаде Вељаноски.

Адвокатот на повеќето обвинети, Миланов, рече дека на 27-ми април имало насилство, но не и загрозување на безбедноста. Ниту еден од обвинетите Вељаноски, Ристовски, Јанакиевски, Атанасовски, не го сториле делото „терористичко загрозување на уставниот поредок или безбедноста на државата“, тврдеше Миланов.

Претходно судот го одби барањето на одбраната за враќање на судењето за организаторите на 27-ми април во главна расправа. Ваквото барање следуваше откако во завршните зборови на обвинителката Вилма Русковска беа изменети наводите во обвинението.

 

Фиљана Кока