Албанските партии воздржани во однос на предлог- резолуцијата од ВМРО-ДПМНЕ
Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе ја преразгледуваат предлог- резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за заштита на македонскиот идентитет. ДУИ смета документот би произвел повеќе штета отколку корист. Ова е поддршка и за власта пред европските партнери, нагласува координаторот Мицевски.

Албанските партии воздржани во однос на предлог- резолуцијата поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за дефинирање на македонските црвени линии. Коалицискиот партнер во власта, ДУИ оценува дека истата нема потреба да биде усвоена во Собранието, велат би донела повеќе штета одколку корист.
Токму разидувањето во ставовите по ова прашање во владината коалиција е спорно за Алијансата за Албанците и Алтернатива. Тие се изјаснија дека партискиот став ќе го изградат по разгледувањето на предлогот во партиските тела, но најважно им е да не биде нарушена стратегиската цел - европските интеграции, како и да не се нарушат односите со соседите.
Кординаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицевски уште еднаш повтори дека ова е ретка можност партиите да се обединат околу државните интереси, но и дека се подготвени за предлози од другите парламентарни партии, кои најавија одредени забелешки и усогласувања на резолуцијата.
ВМРО-ДПМНЕ за предлог резолуцијата разговараа и со БЕСА и Левица, на разговори се поканети и социјалдемократите.
Марина Стојанова- Тонева
