Oпстанокот на текстилниот сектор во Штип зависи од ширењето на делта варијантата во Европа
Секојдневно се намалува бројот на вработени во текстилните компании во Штип. Први на удар се вработените на одредено време. Дел од конфекциите целосно запреа со производатво, а оние кои работат излезот од кризата го гледаат во октомври, кога од партнерите од европските земји ги очекуваат нарачките за летната сезона.

Пред пандемијата штипските текстилни компании вработуваа над седум илјади лица, сега нивниот број е околу пет илјади. Бранот на отпуштања сѐ уште трае, прогнозите не се оптимистични, но надежите се дека од октомври состојбата на европскиот пазар ќе се нормализира и дека лон производството овде ќе се зголеми. Во меѓувреме конфекционерите бараат начин да ги намалат загубите и да ги задржат вработените.
Актуелните владини мерки за модернизација на производството и бескаматните кредити не нудат излез од актуелната криза, на текстилниот сектор му требаат конкретни мерки за спас на секое работно место.
Штипските конфекционери главно се фокусирани на лон производатво за партнери од европските држави. Велат, нашиот адут е високиот квалитет на изработка и близината до Европа.
Славица Величковска
