Прилеп

„Eурокомпозит“ со наменско производство и со неизвесност

06.07.2021 16:28

Владата уште од април донесе одлуки за прилепската наменска фабрика „Eурокомпозит“ ама не се спроведува. Послендиот загубар во земјава имал можности да работи, но година и половина зарастува во трева, со кражби и уништување на државниот имот. Неизвесно е дали ќе има стратегиски инвеститор или ликвиданција…

Владата донесе одлука пред два и пол месеца, ама нема резултати. Ниту се исплатени придонесите на работниците од наменската фабрика „Еурокомпозит“, ниту се знае судбината на одлуката за стратегиски инвеститор, ако не, ликвидација на последниот загубар во земјава. Фабриката има само поранешни вработени, прогласени технолошки вишок и сегашни, кои година и половина не одат на работа и куп неизвесности 20-тина години. Стигна нов претставник на општествениот капитал, има директор и одбор на директори, ама без работа и работници.

„Еурокомпозит“ е последен од групата загубари без решение. Од последните четири, од кои два од Прилеп, Тутунскиот комбинат и Еурокомпозит, само наменската фабрика е во без излез.

Фабриката сѐ уште ја чува полицијата. Работниците за една недела најавуваат протест пред општинската зграда.

 

Елизабета Митреска