МЗ: Сите вакцини се ефикасни во заштита од тешка форма на болеста

06.07.2021 16:54

Министерството за здравство реагира на дел од објавите и пренесени ставови во медиумите дека кинеската вакцина „Синовак“ „не штити од делта сојот“ и од тешка клиничка слика при разболување на вакцинираните со оваа вакцина...

Министерството за здравство реагира на дел од објавите и пренесени ставови во медиумите дека кинеската вакцина „Синовак“ „не штити од делта сојот“ и од тешка клиничка слика при разболување на вакцинираните со оваа вакцина.

Ова тврдење е апсолутно неточно, нема ниту една студија или научен доказ кој ова го потврдува. Апелираме медиумите да не пласираат непроверени тези од поединци кои не се засновани на официјални информации од меѓународните здравствени институции. Досегашните анализи и официјални инофрмации на СЗО која ја одобри оваа вакцина, покажуваат дека истата е ефикасна 51% при заштита на асимптоматските случаи и штити 100% од развој на тешка форма на болеста, велат од ресорот здравство.

Согласно најновите две студии на СЗО спроведени во Бразил за ефикасноста на вакцината од новите соеви кои се во моментот во циркулација, потврдено е дека истата штити 50% во првата студија и 83% во втората студија. Како што ќе има нови официјални студии и податоци за ефикасноста на вакцините, Министерството за здравство ќе ја информира јавноста.