Нов број на „Книжевна академија“ - меѓународно научно списание

25.03.2014 12:32

Излезе најновиот број  на „Книжевна академија“ -меѓународното научно списание, кој содржи девет стручни и научни текстови од истакнати македонски и странски научници.

Виолета Б. Димова го презентира прилогот „Парадигмата на апсурдот и потрагата по смислата на постоењето во романот ’Тврдина’ од Меша Селимовиќ“, а Александар Прокопиев пишувајќи за „Дон Кихот“ се претставува со студијата „Битка со ветерница“.

Тиодор Росиќ од Србија пишува за научно-популарните, информативните и научно-техничките текстови во наставата, Златко Крамариќ од  Хрватска се осврнува на книжевната историографија и „производството“ на историјата со белешки кон делото „Нова македонска книжевност“ од академик Милан Ѓурчинов.

Зоран Ѓериќ ја објавува анализата „Хомо поетикус - хомо политикус, со  примери од словенската книжевна емиграција во 20 век“, а Гоце Ристовски се осврнува на Струшките вечери на поезијата во „Средиште на гласовите на континентите“.

Христо Петрески пишува за проткајувањата во лириката на македонските поети од Србија, но и за хаику поезијата, а Славчо Ковилоски го третира Уставот на прилепското училишно настојателство од 1893 година.