Врховниот суд ќе одржи јавна седница за пресудата за „Диво Насеље“

07.07.2021 10:21

За случајот осудени се вкупно 33 лица од кои седум на доживотен затвор, а 13 на 40-годишни затворски казни.

Врховниот суд денеска ќе одржи јавна седница по повод жалбите против пресудата за случајот „Диво Насеље”, која пред две години ја потврди Апелацискиот суд во Скопје.

За случајот осудени се вкупно 33 лица од кои седум на доживотен затвор, а 13 на 40-годишни затворски казни.

Во престрелка во мај 2015 година, животот го загубија осум припадници на македонските безбедносни сили, а беа убиени и 10 членови на вооружената група.