Голем интерес за вакцинација во Струга
Во струшката болница на три пункта тече процесот на вакцинација. Досега вакцинирани се 7.000 граѓани, а 4.500 примиле и втора доза. Во Струга нема ниеден заболен со корона вирусот. Модуларната болница е празна, а последниот хоспитализиран пациент е испратен на 20-ти јуни.

На три пункта во Општата болница во Струга непречено се одвива вакцинацијата против корона вирусот. На двата пункта се врши вакцина со прва доза, а на едниот ревакцнација. Досега се вакцинирани 7.000 стружани, а втора доза примиле 4.500 граѓани.
„Сакам да упатам апел до граѓаните што повеќе да се организираме за вакцинација бидејќи очекувано е индискот сој да ни се приближи. Па на тој начин да амортизираме доколку фати некој нов бран“, вели Арменд Арслани, директор на струшката болница.
Расте интересот кај граѓаните за вакцинација, особено поради ширењето на индискиот сој на вирусот.
„Бевте на вакцина заедно со сопругата? Да се чувствувате убаво?- Моментално убаво, ни рекоа сега малку да одмориме овде“, вели еден стружанец.
„Бевте хосптализиран прележавте?- Со корона вирус бев три недели овде. Тешко ли беше?- Еве уште не сум добар. Со вакцината може да се заштитиме“, вели друг стружанец.
Во Струга нема ниеден заболен со корона вирусот. Модуларната болница е празна,а последниот хоспитализиран пациент е испратен на 20-ти јуни.
„Моментално имаме третман и преглед од нашиот инфектолог, така што пациентите добиваат соодветни услуги поврзани со Ковид- 19. Здравствениот персонал се врати во функционирање во норманлните нивни дејности“, додава Арсани.
Дел од граѓаните во струшко се вакцинираат и во регионалниот вакцинален пункт во Охрид.
Соња Рилковска
