ВМРО-ДПМНЕ ја стартуваше кампањата со досега најмасовен мининг во Охрид
50-тина илјади македноци дојдоа во поддршка на кандидатурата на актуелниот преседател Ѓорге Иванов за втор мандат...

ВМРО ДПМНЕ стартуваше со досега најмасовен митинг во Македонскиот Ерусалим – Охрид. 50-тина илјади македноци дојдоа во поддршка на кандидатурата на актуелниот преседател Ѓорге Иванов за втор мандат.
Од ова исто место пред 5 години, на чист понеделник, Ви кажав со чист образ дека ја барам довербата на граѓаните ... Денес после 5 години повторно Ви велам, одам да ја освојам довербата на граѓаните и да продолжам со иста посветеност, чесност и истрајност да работам и да ја водам државата, рече актуелниот претседател Ѓорге Иванов, претставувајќи ја програмата со која ја побара повторно довербата од својот народ.
Со ист образ ќе одиме во сите градови и села , продолжуваме до победа, а изборот е Македонија. Вели, довербата се добива со остварување на проекти, спроведување реформи, упорна работа и остварување на целите, а тоа се : Европска Македонија, инегрирање во НАТО, државно единство, национална безбедност, владеење на правото, почитување на рамковниот договор, растечка економија со независни енергетски ресурси, странски инвесиции, нови работни места, благосостојба на граѓаните.
Знам каде одиме и што сакаме, Европа во Македонија и Македонија во Европа, вели актуелниот претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов. Нема да дозволам да се решава за нас, без нас. Последниот збор секогаш го има народот на референдум. Не бегаме од дијалог, разликите не треба да бидат пречка. Се плаши оној кој нема аргументи. Нашата сила е во нашата отвореност.
„Како претседател нема да прифатам промена на Уставот со цел промена на уставното име. Нема да прифатам идеи и предлози што би го загрозиле македонскиот национален идентитет. Нема да дозволиме Република Македонија и македонските граѓани да бидат обезличени...“, рече Иванов вчера вечер на митингот во Охрид.
Вечерва започнува одбројувањето кон 8 победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија. Овде од Охрид ќе почне гласот кој ќе се шири низ целата држава , гласот на народот, кој ќе грмни, глас кој не подлегнува на манипулации, туку бара конкретни дела, рече лидерот на ВМРО –ДПМНЕ, Никола Груевски.
Иванов ја оправда довербата и заслужува втор мандат. Близок со народот, ги поддржува младите, спортистите, иновациите, отворен за соработка и дома и во странство. Секогаш ги поддржуваше владините проекти. Заедно со претседателот Иванов добивме 5 позитивни извешти од Европската комисија. Наша цел се рефорите и отварњето нови работни места, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Претседателот Иванов нема компромиси кога станува збор за интересите на својот народ, за разлика од против кандидатот Стево Пендаровски, совеникот на Бранко Црвенковски, кој сака да ги врати методите на својот ментор. Прашање е вели Груевски какви совети давал.
„Не е клучно само тоа какви совети давал Пендаровски, уште поважно е како стана советник. Стана откако партијата ДУИ направи ’дил’ со Бранко Црвенковски...“, истакна Груевски.
Принципиелен, чесен, посветен на работата и на интересите на народот, таков човек за претседтел му е потребен на народот.Но, на ДУИ по се изгледа не им одговара. Затоа граѓаните нем да дозволат раководството на ДУИ да избира преседател.
„На 13-ти и на 27-ми април мнозинството од сите граѓани на Макеоднија без разлика на нивната етничка припадност ќе му ја доверат нивната доверба. Тој никогаш не направи ништо лошо, туку каде можеше правеше само добро...Наротдот тоа го знае“, рече Груевски.
Политиката на Иванов се темели на 20 столба-државно единство, да нема промена на уставот, владеење на правото, отвореност кон сите, примеа на иновации и нови технологии, поддршка на семејството и младите, негување на традицијата и културното наследство. Со силна поддршка за кандидатурата на иванов застана тимот „МАКЕДОНИЈА“ , а в него уметници, актери, пеачи, доктори,студенти, пензионери, граѓани од целата држава.
На митингот говореа и коалиционите партнери, изразувајќи му поддршка на претсеадтелот Горге Иванов, за како што рекоа посветеноста да ја води дражавата напред. Зад кандидатурата на претседателот Иванов засана и пртседателот на Пан-Европската унија, Алан, кој вели дека уште од првите контакти со Иванов ги забележал неговите лидерски квалитети, а го опиша како компетентен, искусен и докажан лидер. Ваквото мислење, вели го делат и многу шефови на држави на влади, членки на Европската унија.
Караванот на ВМРО-ДПМНЕ денес продолжува во Ресен и Струга.
Наташа Гркова- Петрушевска
