Здравство

Пациенти со вештачко срце чекаат трансплантација

07.07.2021 12:45

Петнаесетина пациенти со вештачко срце чекаат трансплантација. Двајца од нив досега одбиле да добијат вистинско срце, велат од здравство. На државната кардиохирургија досега не биле направени вакви интервенции. Подготвени се да побараат помош од странство. Од „Жан Митрев клиник“ велат дека таква интервенција можат да направат, но бараат рамноправен третман...

Во земјава заживеа трансплантацијта на срце. Но, досега ниту еден од петнаесетината пацинети со вештачко срце, пумпа, не добил ново, вистинско срце. Според податоците на Министерството за здравство, двајца одбиле трансплантација. Даниел Тодоровски веќе две години живее со своето срце во торба или како што вели, живее на струја. Постојано мора да води сметка за батериите, да оди на преврски како мост до моментот кога ќе добие нов орган. Но, мора да бидат исполнети некои услови.

Првиот човек на Државната кардиохиругија, д-р Сашко Јовев, вели дека се подготвени за трансплантација и тоа секојдневно го докажуваат. Вештачко срце сѐ уште не сме смениле со вистинско, но тоа може да го направат со помош на колеги од странство.

Кардиохиругот Жан Митрев вели - дел од пацинетите со вештачко срце добро се чувствуваат, па мотивот за ваква сложена операција со ризици и компликации е помал.

Од Министерството за здравство велат дека тимот лекари од јавното и приватно здравство во изминатата година покажал дека е подготвен да прави трансплантации и без логистика однадвор. Доколку истата за одреден пациент биде потребна, истата ќе биде побарана и овозможена.

 

Наташа Јанчиќ- Менковски