Ќе се гради ветерен парк „Богословец“, инвестиција од 61 милион евра
Означен почетокот на нова инвестиција. На 80 километри југоисточно од Скопје, ќе се гради парк на ветерници- Богословец. Проектот е со вредност од 61 милион евра и треба да биде комплетиран до 2023 година...
Означен почетокот на изградбата на паркот на ветерници „Богословец“, нова домашна инвестиција. Ветропаркот ќе биде изграден кај Свети Николе и Штип.
Со неговата изградба предвидено е наредните 25 години, стабилно снабдување со зелена, еколошки електрична енергија за околу 20 илјади домаќинства.
Со овој проект ќе се зголеми процентот на добиена струја од обновливи извори на енергија, велат од Владата. Порачаа - државата има потенцијали и треба да се искористат.
Проектот е со вредност од 61 милион евра и треба да биде комплетиран во 2023 година.
Наташа Гркова- Петрушевска
