Ракетен напад во близина на американската амбасада во Багдад
Во воздухопловната база Ал Асад во западниот дел од земјата се повредени две лица. Групата која се нарекува „Бригада за одмазда на Ал-Мухандис“ соопшти дека биле истрелани 30 ракети кон базата која ја воделе, како што велат, „американските окупатори“...

Ракетен напад во близина на американската амбасада во Багдад. Во воздухопловната база Ал Асад во западниот дел од земјата се повредени две лица. Групата која се нарекува „Бригада за одмазда на Ал-Мухандис“ соопшти дека биле истрелани 30 ракети кон базата која ја воделе, како што велат, „американските окупатори“.
„Ќе ве натераме поразени да заминете од нашата земја“, се додава во пораката на бунтовниците кои ја следат идеологијата на лидерот Абу Махди ал Мухандис кој загина лани во напад со дрон во Багдад заедно со иранскиот генерал Касем Солејмани.
