Продолжени за уште една седмица актуелните правила за влез во Грција
Од Северна Македонија во Грција може да се патува преку Евзони (Богородица), преку Ники (Меџитлија) и Дојран, што работат 24 часа...

Правилата и предусловите за патување во Грција, што вклучуваат документ поврзан за Ковид-19 и пополнет PLF формулар, а меѓу другото, важат и за државјаните на Северна Македонија, остануваат непроменети и се продолжени за уште една седмица.
Новата одлука за патување во Грција предвидува задолжителен документ поврзан со Ковид-19, односно или сертификат за вакцинација, 14 дена по примената втора доза, или негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид (брз) тест до 48 часа пред пристигнувањето во Грција или потврда за прележан коронавирус, како и пополнет PLF формулар.
Од Северна Македонија во Грција може да се патува преку Евзони (Богородица), преку Ники (Меџитлија) и Дојран, што работат 24 часа, исто како и останатите копнени гранични премини кон Албанија, Турција и Бугарија, со исклучок на Мерѕани кон Албанија, што е со работно време од 8 до 20 часот по локално време.
