Промоција на аудиовизуелните записи од поезијата на Блаже Конески
08.07.2021 11:10
Видеата се изготвени во рамките на програмата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, која е дел од Календарот на значајни јубилеи поддржани од УНЕСКО...

Во дворот на Министерството за култура вечерва ќе се одржи промоција на аудиовизуелните записи од поезијата на Блаже Конески, како и на кусите записи за животот и делото на великанот на современиот македонски јазик и култура.
Видеата се изготвени во рамките на програмата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, која е дел од Календарот на значајни јубилеи поддржани од УНЕСКО, а по повод одбележувањето на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на поетот, македонист, академик и еден од кодификаторите на македонскиот литературен јазик.
