Авганистан: Владините сили ги враќаат преземените области од Талибанците
Во операцијата во главниот град на провинцијата Бадгис за потиснување на борците учествувале воздухопловните сили и специјалните единици. По влегувањето во Кала-е Нау, Талибанците ослободиле околу 400 затвореници, меѓу кои 100 биле припадници на нивните борбени редови.

Воените сили на Авганистан ги вратија владините објекти во градот Кала-е-Нау кој беше нападнат од Талибанците, што се смета за прва дирекетна офанзива по повлекувањето на американските трупи. Во операцијата во главниот град на провинцијата Бадгис за потиснување на борците учествувале воздухопловните сили и специјалните единици. По влегувањето во Кала-е Нау, Талибанците ослободиле околу 400 затвореници, меѓу кои 100 биле припадници на нивните борбени редови.
„Во градот сме, непријателите на Авганистан, валканите Талибанци сакаа да го заземат Кала-е Нау и да убијат чесни цивили на Бадгис. Направија погрешна проценка и се соочија со брз одговор на нашите храбри безбедносни сили. Непријателот имаше над 80 жртви и сега бега од градов“, изјави полковник Шир Ага Алкозаи.
„Обичните граѓани страдаат многу од оваа војна. Јас сум во болница, го донесов брат ми кој беше погоден со куршум додека стоел на улица.“
Повеќето странски трупи заминаа од Авганистан пред септемврискиот рок така што државната војска презеде целосна контрола врз безбедноста.
