Халими: Голема чест е да се биде единствениот кој ги претставува Албанците

25.03.2014 13:26

Од ДПА велат дека со модерна и цивизирана политика сакаат да ги добијат гласовите на Албанците...

Претседателсаката кандидатура ја прифатив веднаш бидејќи голема честа е да се биде единствениот кој ќе ги претсавува Албанците, рече пред жителите на Чаир, Илијаз Халими, кандидат за претседател од редовите на ДПА. Вели ќе се труди Македонија да стане успешна и внатре и надвор и дека ќе биде претседател на сите граѓани во земјава без оглед на нивната етничка и верска припадност.

„Како врховен командат на Армијата ќе работам таа да биде преставена во најдобро светло. Нема да дозволам ИВЗ да се мачи со враќањето на својот имот, ќе се ангажирам законот да се спроведе.Регионите кои не се развини ќе добијат можност да се развијат, еднакво да се делат парите на исток и запад“, рече Илијаз Халими, кандидат за претседател.

Ќе се ангажирам за добрососедстки односи со сите и ќе работам Македонија да биде дел од ЕУ и НАТО, рече Халими. Од ДПА велат дека со модерна и цивизирана политика сакаат да ги добијат гласовите на Албанците. Да ги споротивстават агнедите и да победи тој што заслужува.

„Јас преживувам во политиката со пот, додека вие во ДУИ преживувате во политиката со крвта на паднатите борци.  Не ви требаат ниски трикови. Меѓу ДУИ И ДПА врие, ве замолувам да ги смириме чувствата. И тие од ДУИ се Албанци како и ние и не сакам да подгревам тензиите“, рече претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

Од ДПА велат дека тие не ги делат граѓаните на Албанци, Македонци и други, затоа ги бараат гласовите на граѓани кои на 13 април ќе излзат да гласаат.

 

Наташа Јанчиќ