ХАИТИ

Убиени четворица осомничени за атентатот врз претседателот Моиз

08.07.2021 11:41

Со Хаити сега ќе владее привремениот премиер Клод Жозеф. Моиз ја презеде власта со декрет, по одложувањето на изборите во 2018 година.

Полицијата на Хаити убила четворица осомничени за атентатот на претседателот Жовенал Моиз. Други двајца се заробени, но се трага уште по неколкумина извршители на смртоносниот напад во домот на лидерот на оваа карипска земја при кој беше повредена и неговата сопруга.

Со Хаити сега ќе владее привремениот премиер Клод Жозеф. Моиз ја презеде власта со декрет, по одложувањето на изборите во 2018 година.

Опозицијата го обвини дека сака да инсталира диктатура, но тој ги негираше ваквите тврдења.