Голем интерес за имунизација

Во вакциналниот пункт во Велес започна вакцинацијата без закажан термин

08.07.2021 13:34

Уште пред отворање на вакциналниот пункт во Велес, редици од граѓани кои чекале да ја примат првата доза на „Синовак“. Започна вакцинацијата без закажан темин и повозрасната група граѓани навалија да ја примат вакцината за заштита од корона вирусот...

Од утрово во вакциналниот пункт во Велес, започна да вакцинира за заштита од Ковид-19,  без закажан термин. Лицата кои сакат да се заштитат   од корона вирусот, навалија пред отворање, па кога здравствените работници дошле, виделе редици од луѓе. 

Оваа седмица голем  е опфатот на лица кои примаат вакцина во пунктот во Велес. Се вакцинираа  и лица од Гевгелија, Неготино, Дамир Капија, Валандово и Богданци, со втора доза „Фајзер“, просветни работници од Велес, од основно и средно образование.

Досега во овој вакцинален пункт вакцинирани се 13.319 граѓани, од нив  со две дози 4.336, а со прва доза 8.983 лица. Во Здравствен дом Велес вакцинирани  со „АстраЗенека“ се 1.400 лица  над 70 годишна возраст а ревакцинацијата завршува на 13-ти јули.

Надлежните отфрлаат дека причината за зголемениот одѕив е појавата на „делта сојот “ на Ковид-19 во Велес, кој е регистриран кај пациент од велешко село, кој на 21-ви јуни се вратил од Англија, а е хоспитализиран од 28-ми.

Петар Печков