Поповски: Граѓанинот во прв план

25.03.2014 13:30

Пред граѓаните на Општината Карпош, кандидатот за претседател на ГРОМ, Зоран Поповски, рече дека оваа генерација има историска шанса да го оствари сонот за просперитетна и богата држава, и да го заштити името и идентитетот.

Македонија во 21 век, граѓанинот во прв план  - приоритети за кандидатотот за претседател на коалицијата на ГРОМ,  Зоран Поповски. Пред граѓаните на Општината Карпош рече дека оваа генерација има историска шанса да го оствари сонот за просперитетна и богата држава, и да го заштити името и идентитетот.  

„Од Македонија да направиме просперитетна држава, почитувана во светот, таква Македонија ќе биде безбедна интегрирана во безбедносните системи , таква македонија ќе биде достоинствена со европска перспектива“, рече Зоран Поповски, претседателски кандидат на ГРОМ.

Коалицијата на Гром има кандидатшто ќе застане на страната на граѓаните , а не на Владата, рече лидерот на партијата, Стевчо Јакимовски.

„Нам ни треба претседател којшто ќе води сметка за граѓаните, за тоа како му живее народот“, рече претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

На првиот митинг на претседателскиот кандидат на ГРОМ, глас за Зоран Поповски побараа и коалиционите партнери.

 

Викторија Тодоровска