Финансиска поддршка
Објавен нов повик од ИПАРД 2, на располагање 9,6 милиони евра
08.07.2021 14:12
Јавен повик од ИПАРД 2 програмата за развој на бизниси од земјоделскиот сектор. Рокот за аплицирање е до 22-ри август...

9,6 милиони евра на располагање преку новиот повик од ИПАРД 2 програмата. До 22-ри август ќе можат да аплицираат претпријатијата, занаетчиите, фармерите и сите претприемачите од руралните област.
Главна цел е поттикнување на вработувањата и зголемување на економската активност во руралните средини - велат надлежните.
Висината на финансиската поддршка се движи од 1.500 до 1.000.000 евра, а повратот на инвестициите е во висина до 65 проценти.
Марија Котовска
