Образовниот систем не продуцира кадри според потребите на индустријата
Образовниот систем не продуцира кадри според потребите на стопанството, компаниите се спремни да ги обучат учениците и наставниците, потребни се темелна промени, апелира бизнис заедницата. Од образование велат, реформи и стручни паралелки има...

Македонскиот образовен систем не продуцира кадар кој што одговара на индустријата. Проблемот е долгогодишен, но решенијата се сѐ уште слаби- вели извршниот директор на Стопанската комора, Антони Пешев. Потребна е стратегија и за индустријата.
Компаниите се спремни да ги обучат и учениците и останатиот кадар, децидни се од Организацијата на работодавачи. Оттаму согласни дека темелни реформи се потребни. Компаниите сѐ уште се соочуваат со недостиг на кадар особено од машинската, ИТ индустријата, угостителството.
Според заменик- министерот за образование Шабани, досега направените реформи и зголемувањето на бројот на стручни паралелки, има за цел да продуцира квалификувани кадри.
Проектот поддржан од Швајцарската амбасада „Образование за вработување“ има за цел невработените да бидат препознаени на пазарот на трудот.
Дијана Ценевска
