Политика

ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе предлог - резолуцијата во Собранието

08.07.2021 15:04

ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата ја поднесоа предлог- резолуцијата за националните црвени линии до законодавниот дом. Очекуваат консензус од пратениците. За да помине е потребно просто мнозинство. За резолуцијата поддршка дадоа и од Социјалдемократскиот сојуз, но не и од албанскиот блок партии...

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ја поднесе предлог- резолуцијата  за македонските црвени линии во однос на евроинтеграциите. Документот до собранискиот спикер е доставен со новото уставно име, за Џафери не им го врати како невалиден. Од партијата очекуваат целосен консензус и од сите пратеници побараа да го стават својот потпис на декларацијата, а не само декларативна поддршка. На овој начин очекуваме да биде заштитен националниот идентитет, македонскиот јазик и историјата- посочи Милошоски.

„Цениме дека оваа предлог-резолуција ќе ги зајакне и македонските дипломатски позиции, но исто така ќе влијае и како фактор на сплотување наместо поларизација внатре во македонското општество. Тоа што би сакал денес да го порачам и апелирам, согласно Деловникот секој пратеник има право да се придружи со свој потпис на ваква Предлог-резолуција од моментот кога таа е предложен“, изјави пратеникот Антонио Милошоски.

За резолуцијата поддршка дадоа социјалдемократите, нивните помали коалициски партнери, ЛДП, ДОМ и Демократскиот сојуз. Алијанса за Албанците и Алтернатива сѐ уште тактизираат, во ДУИ со различни гледишта, но начелно немаат ништо против ваков документ. Од најголемата опозициска партија очекуваат претседателот на Собранието Џафери што поскоро да ја стави на дневен ред за усвојување, а за да помине е потребно просто мнозинство.

 

Марина Стојанова- Тонева