Политика

Уставениот суд со подготвителна седница за Законот за попис

08.07.2021 15:32

Уставен со подготвителна седница за Законот за попис. Подносителот на иницијативата Апасиев пред судот и пред стручната јавност посочи дека законот треба да се донесе најмалку една ипол година пред попишувањето, а дијаспората да не биде вклучена. Од ресорното министерство со став дека се работи за сериозна операција при која законот е усогласен со европската легислатива...

Не е возможен попис во време на кризна состојба. Правната сигурност на граѓаните подразбира граѓаните да не бидат бомбардирани од шизофрени норми. Еден закон да им вели- ти имаш должност да го чуваш сопственото здравје, тоа подразбира и да не примам никој дома во време на епидемија, додека друг закон, ако не примиш дома некој во време на епидемија ќе бидеш казнет. Со овие тврдења ја бранеше поднесената иницијатива лидерот на Левица, Апасиев пред уставните судии и експертската јавност.

Уставните судии со свои мислења. Од ресорното министерство аргументираа - здравјето на граѓаните не може да биде загрозено со пописот кој е целосно усогласен со европската легислатива.

На подготвителната седница подносителот на иницијативата меѓу другото укажа на противуставноста на законот, но и дека ниту еден попис не предвидува попишување на дијаспората.

 

Фиљана Кока