Ковид-19

Бремените жени и доилките се вакцинираат со „Фајзер“

08.07.2021 15:49

Со „Фајзер“ се вакцинираат бремените жени и доилките. Веќе вакцинираните во Србија, втора доза примија на пунктот во арената „Борис Трајковски“. Велат дека се информирале за влијанието на вакцинацијата воопшто и за нејзиното влијание врз новороденчињата...

За да го заштити едномесечното бебе од коронавирус, Румена Којчески, одлучила да се вакцинира. Таа со другите мајки денеска се имнузираше со вакцина на „Фајзер“.

Советот на педијатарот, бил клучен Емилија да побара вакцина. Благица Стојкова, пак, наскоро ќе стане мајка. Таа веќе се имунизирала во соседството. Денеска ја прими вотората доза.

По направинетите испитувања, вакцината на„Фајзер“ од мај месец е  одбрена за имунизација на деца над 12 години.

Вакцината е безбдена и засега нема никави сериозни несакани ефекти, вели доктор Киријас од Институтот за имунобиологија. Вакцината не влијае на растот и развојот на децата затоа што се аплицира локално.

Вакцинацијата на децата над 12 години против Ковид – 19 не е задолжителна.

 

Наташа Јанчиќ Менковски