Атина

Заев на конференција на „Економист“, Македонија и Грција ќе потпишат договор за интерконектор за природен гас

09.07.2021 09:15

Премиерот Заев во Атина ќе учествува на панел дискусијата на конференцијата на „Економист“ на тема „Од социјално дистанцирање до социјална солидарност“. Предвидени се и повеќе средби со стопанственици, дипломати, а ќе биде потпишан и договорот меѓу владите на Македонија и на Грција за развој на интерконекцијата за пренос на природен гас меѓу двете држави...

Премиерот Заев во Атина ќе учествува на панел дискусијата на конференцијата на „Економист“ на тема „Од социјално дистанцирање до социјална солидарност“. Шефот на владата ќе дискутира за подобрување на соработката и солидарноста во Југоисточна Европа, регионалната соработка, проширувањето на Европската унија.

Предвидени се и повеќе средби со стопанственици, дипломати, а ќе биде потпишан и договорот меѓу владите на Македонија и на Грција за развој на интерконекцијата за пренос на природен гас меѓу двете држави.

Македонскиот премиер присуствуваше и на свеченоста за 25-годишнината од „Економист“, на која се обрати грчкиот премиер Мицотакис.