Хаити

Приведена групата платеници кои го убија претседателот Моиз

09.07.2021 09:36

Во меѓувреме, Министерството за одбрана на Колумбија, потврди дека меѓу осомничените се поранешни припадници на тамошните вооружени сили.

Групата платеници кои го убија претседателот на Хаити, Моиз броела 28 лица. 26-мина се државјани на Колумбија, а двајца Американци. 17 од нив се уапсени, а седуммина биле убиени во полициските операции. Се трага по уште осум луѓе.

Во меѓувреме, Министерството за одбрана на Колумбија, потврди дека меѓу осомничените се поранешни припадници на тамошните вооружени сили.

Изборите за нов претседател на Хаити ќе се одржат според претходно планираното, на 26-ти септември.