Бајден: Воената мисија во Авганистан завршува на 31-ви август

09.07.2021 09:46

Американскиот претседател на авганистанците кои работеле за американските сили и нивните семејства им гарантираше безбедност.

Претседателот на САД, Бајден изјави дека воената мисија на САД во Авганистан ќе заврши на 31-ви август, бидејќи соединетите држави се обидуваат да ја прекинат речиси 20-годишната војна.

Истакна и дека авганистанските лидери треба заедно да се стремат кон иднината. Американскиот претседател на авганистанците кои работеле за американските сили и нивните семејства им гарантираше безбедност.

Вашингтон месецов ќе ги почне летовите за евакуација на авганистанските приматели на специјални визи за САД.

Радикалното исламистичко движење Талибан вети дека авганистанската територија од која до крајот на август ќе се повлечат странските трупи нема да биде користена за напади врз други земји, што е еден од клучните моменти од договорот меѓу Талибаните и САД за повлекување на американските војници.