Нов Зеланд: Децата се разболуваат бидејќи немаат имунитет
09.07.2021 10:00
Во Велингтон биле хоспитализирани 46 деца. Дел од нив се новороденчиња и многу од нив се на кислородна поддршка.

Болничките одделенија во Нов Зеланд се преплавени со деца со потенцијално смртоносен респираторен вирус, предупредуваат докторите.
Во Велингтон биле хоспитализирани 46 деца. Дел од нив се новороденчиња и многу од нив се на кислородна поддршка.
Според француските доктори, недостигот на имунолошка стимулација предизвикува „имунолошки долг“ кој што може да има негативни последици кога пандемијата на Ковид-19 ќе биде ставена под контрола и рестриктивните мерки се укинати.
