Заев: Стануваме енергетски коридор за земјите од Југoисточна Европа
За нас, нема друга алтернатива, освен ЕУ иднина. Сакаме да ги европеизираме нашите земји и да ги почувствуваме придобивките, ова е пораката на македонскиот премиер Заев од форумот на „Економист“ во Атина. Потпишан е и договорот за развој на интерконекцијата за природен гас меѓу Македонија и Грција. „Стануваме енергетски коридор за земјите од Југoисточна Европа“, вели Заев...

Потпишан договорот со Грција за интерконекторот за природен гас. Проектот е вреден 100 милиони евра. Со него, земјава ќе стане енергетски коридор на Западен Балкан и ќе го диверзификува снабдувањето, овојпат со гас од Азербејџан кој ќе стигнува преку Трансјаданскиот гасовод. Премиерот Заев, кој учестуваше на конференција на „Економист“ во Атина, рече дека проектот ќе ги поврзе и Косово, Србија и други земји од Југоисточна Европа за да се избегне монополот од рускиот гас.
„Закрепнувањето од последиците на пандемијата во Северна Македонија и регионот сега е видливо. Конечно имаме позитивен економски раст. Предвидуваме дека растот во првата половина од 2021-ва да биде меѓу 5,5 и 6,5 проценти, што е поголем и од некои земји членки на Унијата. Ова нѐ охрабрува да продолжиме да привлекуваме странски инвеститори. По потпишувањето на преспанскиот договор, се зголемија инвестициите од грција, како потпишаниот договор за интерконекцијата за природен гас вреден 100 милиони евра, од кои ние учествуваме со 54 милиони евра“, изјави премиерот Заев.
Покрај зголемената регионална соработка за слободно движење и заеднички пазар по терк на Европската унија, сепак, главна цел на земјите од Западниот Балкан останува полноправното членство во Унијата.
„Не се работи за евроинтерација на Западниот Балкан, зашто сите сме опкружени со земји членки како остров. Сега веќе се работи за унифицирање на Европската унија. Северна македонија по 16 и пол години е земја кандидат. Потпишавме договор за стабилизација и аосцијација по Словенија, пред Хрватска во 2001-та. Сега веќе нема простор за фрустрација и жалење. Нема друга алтернатива освен члеството во Европската унија“, нагласи Заев.
„Не се работи за фрустрација на земјите во регионот, туку повеќе за фрустрација на земјите членки на Унијата. Не станува збор за Бугарија, туку за тренд. Бугарија сега нѐ блокираше, но лани беа други земји членки. Претходно други. Ова покажа дека национализмот во ЕУ е важен. Се е спакувано во добар пакет со образложение дека земјите- кандидати работат добро, но дека е потребно повеќе и повеќе. И на крајот за што работиме? Зошто не чекаме да станеме членка, туку за меѓувладина конференција за кандидатките што станаа заложници“, изјави албанскиот премиер Еди Рама.
Државите од Западниот Балкан ја зголемиле соработката особено за време на пандемијата, и ќе продолжат да работат на проекти од заеднички интерес, порачаа учесниците на земјите кандидати за членство во Унијата на конференцијата во Атина.
Ирина Гелевска
