Уапсени платениците кои го убија Моиз
Се трага по уште осум луѓе. Министерството за одбрана на Колумбија, потврди дека меѓу осомничените се поранешни припадници на тамошните вооружени сили.

Група од 28 платеници вмешана во убиството на претседателот на Хаити, Моиз. 26-мина се државјани на Колумбија, а двајца Американци од Хаити. 17 од нив се уапсени, а седуммина биле убиени во полициските операции. Се трага по уште осум луѓе. Министерството за одбрана на Колумбија, потврди дека меѓу осомничените се поранешни припадници на тамошните вооружени сили.
„По убиството на претседателот на Хаити, Интерпол официјално побара информации од колумбиската влада и од нашата национална полиција за наводните одговорни за овој чин. Првично, информациите укажуваат на тоа дека тие се колумбиски државјани, пензионирани припадници на националната армија. Нашата полиција и армија соработуваат за развојот на оваа истрага и овие факти се разјаснети. Агенциите нудат целосна достапност за соработка со сестринската република Хаити“, изјави Диего Молано Апонте, министер за одбрана на Колумбија.
Амбасадорот на Доминиканската Република, Хозе Алфонсо Бланко Конде рече дека советот за безбедност на ОН требало да ја покани Доминиканската Република да учествува во дискусиите за кризата во Хаити, на активен начин, како најпогодени од оваа криза.
„Соочени со големината на она што се случи, кризата во Хаити - земја со која споделуваме широка копнена граница - разбираме дека Советот за безбедност требаше да ја покани нашата земја да учествува на активен начин“, изјави Хозе Алфонсо Бланко Конде, постојан претставник во ОН, Доминиканска Република.
53-годишниот Моиз, беше убиен при напад во неговата резиденција. Сопругата беше тешко повредена. По убиството во земјата на силa е вонредна состојба. Сепак, изборите на за нов претседател на Хаити ќе се одржат според претходно планираното, на 26-ти септември.
Марина Ристова
