Филипче: Четири лица во Тетово сомнителни на Јужноафриканскиот сој

09.07.2021 13:02

Нема нови случаи со индиската мутација, но во МАНУ се испитуваат резултатите од четворица тетовци, сомнителни на Јужноафриканскиот сој.

Нема нови случаи со индиската мутација, но во МАНУ се испитуваат резултатите од четворица тетовци, сомнителни на Јужноафриканскиот сој.

„Во Тетово има четири случаи кои се суспектни, врз основа на оној скрининг којшто се прави, на јужноафриканскиот сој. Што значи дека има и други соеви присутни во земјава. Пристапот е ист – детална епидемиолошка анкета, анализа, скрининг на тестовите и анализа дали да се прави секвенционирање или не“, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Комисијата за заразни болести, повторно ќе ја анализира епидемиолошката состојба.