Синдроми и кај пациенти што лесно ја минале болеста
Воспаление на нервите, ментални и гастро-интестинални заболувања, синдром на хроничен замор, дел од предизвиците на постковид пациентите. Според истражувања на британски лекари, сериозни заболувања има и кај оние кои вирусот го минале лесно, но и кај адолесценти...

Воспаление на нерви, когнитивни и ментални проблеми, гастроинтестинални заболувања, синдром на хроничен замор, се дел од предизвиците со кои се соочуваат пацинетите кои прелажале ковид. Направени истражувањата од британски лекари, кои споделени со македонските колеги покажуваат сериозна состојба и кај пацинети кои коранавирусот го поминале лесно, и кај адолесценти.
И додека се лекуваат последците од претходните бранови, доаѓа нов со делта сојот. Доктор Којиќ вели мора да останеме внимателни, бидејќи кај него не се губи чувството за вкус и мирис, што беше најчест индикатор за препозанавање на коронавирусот.
Согледувајќи ги сите последици кои ги остава ковидот, според доктор Којиќ имунизацијата на децата од 12 до 16 години кој треба да стратува наредната недела, е добар чекор за заштита.
Наташа Јанчиќ Менковски
