Битола

Една недела по отворањето на Меџитлија, ефектите мали

09.07.2021 13:38

Една недела по кревањето на рампите на Меџитлија- Ники, не се исполнија очекувањата за наплив од старите грчки муштерии во Битола. Ја избегнуваа камерата на МТВ, поради страв од како што велат, проблеми на враќање. Главната причина за намалениот проток, е дополнителната документација, покрај онаа за Ковид-19…

Очекувањата големи, ефектите засега мали од еднонеделното отворање на граничните премини Меџитлија и Ники. Наместо наплив на влез во земјава, дури седумдесетина проценти помал проток на грчки гаѓани од оној пред пандемијата.

И оние малкуте кои ги сретнавме стравуваат дека ќе имаат проблеми на враќање ако дадат официјална изјава. Зад објективот на камерата, велат има интерес, но од наша страна освен ковид бараат и дополнителна документација, а се одземаат, ако носите и поголеми количини на прехранбрени продукти. Малото раздвижување засега се чувствува по бензиските пумпи и дел од стоматолошките ординации.

Некогаш главната дестинација, градсиот пазар засега не е дел од нивната дневна агенда.

За разлика од на влез, протокот на патници за излез е нешто поголем, но велат се уште е рано да се направи вистинскиот пресек, бидејќи најголем дел од нашите граѓани се уште се во пдготовка за заминување на егзотичните плажи. И од туистичките агенции велат- овие денови се пополнуваат аранжманите.

Стевче Митревски